Search

„Брит авордс“ ги менува правилата благодарение на поп-sвездата Рина Савајама

Поп-sвездата на која ѝ беше кажано дека „не е доволно Британка“ да се натпреварува за наградите „Бритс“ и „Меркјури“, успеа да издејствува пресврт во правилата за доделување на британските музички награди.

На Рина Савајама ѝ беше кажано минатата година дека не може да се натпреварува за наградите бидејќи не е британска државјанка.

Пејачката, која живее во Велика Британија веќе 26 години, сега стекна право да се натпреварува, откако се сретна со шефовите на „Бритс“.

Според новите правила, уметниците кои престојуваат во Велика Британија повеќе од пет години се квалификуваат за главните награди.

Савајама има документи за престој на неопределено време во Велика Британија, но има јапонски пасош за да ги одржува врските со своето семејство, вклучувајќи го и татко ѝ, кој живее во нејзината родна земја.

Бидејќи Јапонија не дозволува двојно државјанство, таа не може да има британски пасош. Тоа доведе до тоа нејзиниот деби-албум „Савајама“, кој доби одлични рецензии, да не може да се квалификува за минатогодишната награда „Меркјури“.

Треба да знаете
Последни објави