Search

Бритни Спирс со дијамантски прстен, медиумите шпекулираат дека е свршенички

Бритни Спирс беше забележана како носи дијаматски прстен на раката на која обично се става свршенички прстен.

Во неделата, 39-годишната пејачка беше фотографирана со нејзиното момче фитнес-тренер Сем Ашгари (27), како зема кафе од „Старбакс“ и го покажува прстенот.

 

Фотографијата веднаш предизвика шпекулации во медиумите среде правна битка да ја отстрани контролата на таткото Џејми Спирс врз нејзиниот живот.

Кога сведошеше во суд минатиот месец, Бритни реќе дека конзерваторскиот надзор ја спречува да се омажи со Сем, со кого е во врска од 2016 година, и исто така ја спречува да има бебе со него.

Ѕвездата, која има два сина со поранешниот сопруг Кевин Федерлајн, тврди дека нејзиниот татко го контролирал секој аспект од нејзиниот живот, принудувајќи да користи импланти за контрола на раѓање за да спречи да има повеќе деца.

Треба да знаете
Последни објави