Search

Бритни Спирс откри дека татко ѝ ја терал да се дрогира и ја сместил во установа

Поп-пејачката Бритни Спирс изјави пред судот дека нејзиниот татко Џејми ја терал да се дрогира, а потоа ја ставил во установа за ментално здравје против нејзина волја, според британски „Сан“.

Откако пејачката доживеа нервен слом пред десет години, Џејми е задолжен за целиот имот на неговата ќерка. Но во договорот за грижа, Џејми немал никакво право и овластување да ја смести пејачката во установа или да ѝ дава дрога без нејзина согласност.

Пејачката на судијата му кажала дека нејзиниот татко пред еден месец ја натерал да оди во установа за ментално здравје. Нејзината мајка Лин ги негираше ваквите тврдења.

Светските медиуми пренесуваат дека Бритни престанала да консумира лекови кои ја држеле под контрола и го нормализирале нејзиното однесување.

Таа сега побарала поголема слобода, но судијата тоа не го одобрил. Пејачката прво треба да биде оценета од експерт пред да биде донесена каква било одлука. Минатиот месец обожавателите на пејачката покренаа кампања #Free Britney, преку која се обидуваат да докажат дека таа е под контрола на својот татко без никаква потреба.

Бритни на социјалните мрежи редовно ги известуваше фановите дека заздравува, а во една пригода објави дека вежба јога. Нејзините обожаватели се убедени дека таа не ја напишала објавата.

„Бритни никогаш не остава простор меѓу речениците, само вие продолжете да нè убедувате дека таа го напишала тоа“, е еден од коментарите на нејзините обожаватели.

Треба да знаете
Последни објави