Search

Британците почнаа на глувци да ја тестираат вакцината против коронавирусот

Научници од Велика Британија меѓу првите започнаа со тестирање на вакцина против коронавирусот врз животни.

„Ја вбризгавме вакцината во глувци. Се надеваме дека во следните неколку дена ќе ги добиеме првите резултати и ќе видиме како нивните антитела реагираат на коронавирусот“ рекол Пол МекКеј од Универзитетот „Империјал Колеџ“ во Лондон.

Кинеската државна новинска агенција „Ксинхуа“ соопшти дека шангајскиот универзитет во неделата исто така почнало со тестирање на вакцина на глувци, но притоа се повика само на локални медиуми, бидејќи нема официјално соопштение.

Создавањето на вакцина е напорен и долготраен процес кој обично трае повеќе од една година и вклучува повеќекратно тестирање на животни и клинички испитувања на луѓето. Потоа регулаторите треба да обезбедат да нема опасни нуспојави, односно вакцината да е доволно безбедна и за масовно производство.

Треба да знаете
Последни објави