Search

Британците можат да одат на одмор во странство од 10 јули

Британската влада донесе одлука да го укине задолжителниот двонеделен карантин за граѓаните кои се враќаат од патувања од ризични земји од 10 јули.

Ова важи за сите оние кои доаѓаат од една од 50-те земји кои се обележани како ризични поради коронавирусот, објави „Ројтерс“.

Според таа одлука, милиони Британци можат без рестрикции да се упатат кон популарните европски летни дестинации за да го поминат својот годишен одмор.

„Патување без ограничувања ќе биде дозволено во 50 или повеќе земји, а денешните одлуки се чекор кон целосно отворање на нашата славна нација“, рече британскиот министер за транспорт, Грент Шапс.

Сепак, премиерот Борис Џонсон апелираше до Британците да бидат внимателни и во иднина и да го почитуваат правилото на физичка дистанца.

Треба да знаете
Последни објави