Search

Британско разузнавање: Русија ја намали воздушната активност во Украина

Руските борбени авиони значително ја намалија активноста над Украина, се наведува во дневниот билтен на британската разузнавачка служба, пренесува ДПА.

Во моментов, руските воздухопловни сили сè уште извршуваат неколку десетици мисии дневно, што е значително намалување во однос на 300 мисии дневно во март, објави британското Министерство за одбрана на Твитер, повикувајќи се на разузнавачки информации.

Руските воздухопловни сили досега изгубиле повеќе од 60 авиони, вклучувајќи го и тактичкиот бомбардер Су-24 и јуришниот авион Су-25 само во последните неколку недели, се додава во билтенот.

Британските разузнавачи го објаснуваат падот на активноста на руските воздухопловни сили со зголемената закана од воздушната одбрана на Украина, намалувањето на можните часови на летање за руските авиони и влошувањето на временските услови.

Од почетокот на инвазијата, британското Министерство за одбрана секојдневно објавува информации за текот на војната.

Треба да знаете
Последни објави