Search

Британското разузнавање открило фабрика за бомби на Хезболах во Лондон

Британските разузнавачки агенции заплениле тони експлозивни материјали поврзани со либанската милитантна група Хезболах на голем број имоти на периферијата на Лондон, пренесува „Дејли телеграф“.

Весникот вели дека британската домашна разузнавачка служба МИ5 соработувала со полициските сили за да изврши четири рации на имоти во северниот дел на Лондон, при што заплениле три тони амониум нитрат, честа состојка што се користи во домашните бомби.

Во извештајот се забележува дека количеството откриен амониум нитрат е поголемо од она што го користел Тимоти Меквј во бомбашкиот напад во Оклахома Сити во 1995 година, во кој загинаа 168 лица.

За време на рацијата, еден човек во четириесеттите години бил уапсен под обвинение за тероризам, но подоцна бил ослободен бидејќи заговорот бил прекинат од тајната операција на разузнавачки операции. Идентитетот на човекот се чува во тајност како и целата операција, која се случила во 2015 година, но обелоденета е дури сега.

Извештајот на „Дејли телеграф“, сепак, шпекулира дека британската влада останала нема во врска со инцидентот за да помогне во одржување на нуклеарниот договор во 2015 година, кој беше потпишан со главниот поддржувач на Хезболах, Иран.

„Тоа покренува прашања за тоа дали високи претставници на британската влада избрале да не го откриваат заговорот делумно затоа што тие биле позаитересирани за зачувување на нуклеарниот договор со Иран”, се прашува весникот.

Според извештајот, тогашниот премиер Дејвид Камерон и тогашниот министер за внатрешни работи, Тереза Меј, биле лично информирани за она што било откриено во имотите на периферијата на Лондон бидејќи тоа укажувало на голема терористичка закана за Велика Британија . Бен Валас, министерот за безбедност на Обединетото Кралство, се обиде да објасни зошто инцидентот намерно се чувал во тајност од јавноста.

„Службата за безбедност и полицијата неуморно работат за да ја одржат безбедноста на јавноста од бројни безбедносни закани. Често е потребно нивните напори и успеси да останат непознати за јавноста”, рече тој.

Иако голем број британски медиуми тврдат дека британската разузнавачка служба добила дојава од странска земја, „Џерусалем пост” е многу поексплицитен, велејќи дека израелски официјални лица потврдиле оти Мосад стои зад дојавата. ”

„Дејли телеграф“ забележува како лондонскиот заговор може да едел од поширока агенда на Хезболах за воспоставување глобална структура за напад, на што укажуваат и осуетените операции на Хезболах на Тајланд, Њујорк и Кипар. Сите три плана биле откриени во јавноста, а се верува дека таргетирале разни израелски интереси.

Оваа вест станува централна по одлуката на британската влада за ставање на црната листа на политичката крило на Хезболах, кое се наоѓа во либанскиот парламент, како нелегална терористичка организација во февруари 2019 година, откако со години се разликуваше од военото крило на групата.

Во однос на таа одлука, британскиот министер за надворешни работи, Џереми Хант, рече дека Велика Британија сега верува дека не постои никаква разлика меѓу политичкото и военото крило на Хезболах.

Треба да знаете
Последни објави