Search

Британски турист убиен пред луксузен хотел во Аргентина

Педесетгодишен британски турист е убиен пред луксузен хотел во Буенос Ариес. Како што пренесуваат светските медиуми, автобус со туристи патувал од меѓународниот аеродром до хотелот „Фаена“, кој се наоѓа во крајбрежната населба Пуерто Мадероа, кога на него пукале двајца напаѓачи, пишува Си-ен-ен.

Педесет годишниот Британец, кој подоцна починал, бил застрелан во градите, додека неговиот син бил застрелан во ногата.

Министерството за надворешни работи на Аргентина соопшти дека над 111.000 британски државјани ја посетиле Аргентина во 2018 година и дека поголем дел од тие посети поминале без проблеми. Министерството ги предупреди туристите на можни кражби, при што ги посоветува да им ги предаваат парите и накитот на крадците без да пружаат отпор.

Треба да знаете
Последни објави