Search

Британски „Скај њуз“ идентификува трет осомничен во случајот „Скрипал“

Британскиот телевизиски канал „Скај њуз” идентификуваше трет осомничен за минатогодишното труење на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Солсбери, пренесува РТ.

Каналот објави, повикувајќи се на групата „Белингкет“, дека третиот осомничен е висок руски офицер на воената разузнавачка служба, Денис Сергеев, од руската разузнавачка служба ГРУ кој го користи алијасот Сергеј Федотов.

Белингкет“ тврди дека Сергеев бил во Велика Британија со алијасот Сергеј Федотов за време на труењето во Солсбери – плус во предвечерието на гласањето за Брегзит.

Федотов, исто така, патувал во една пригода со Александар Петров, лице претходно обвинето од британската влада за обид за убиство на Скрипал со воен отров. „Белингкет“ претходно објави дека Петров е алијас на Александар Мишкин, лекар кој работи за ГРУ.

Скотланд Јард одби да ги коментира новите информации.

Скај њуз” исто така објави дека третиот осомничен, наводно, го напуштил Обединетото Кралство на 4 март 2018 година, денот кога Скрипал бил отруен, и се упатил кон Москва преку Рим. Сепак, „Дејли телеграф“ претходно посочи, наведувајќи сопствени извори, дека осомничениот е можеби сѐ уште на територијата на Обединетото Кралство.

Треба да знаете
Последни објави