Search

Британски ресторан нуди бесплатен оброк за деца, ако родителите ги остават телефоните на влезот од ресторанот

Британскиот ресторан Френки енд Бени`с претстави зона без мобилни телефони, откако спровеле анкета за тоа колку користењето на тие направи има влијание врз семејната вечера. Отсега, тие во понудата имаат бесплатен оброк за децата чии родители ќе ги остават мобилните телефони на влезот во ресторанот.

Речиси 20 проценти од децата рекле дека нивните родители претпочитаат времето да го минуваат на телефон, наместо да разговараат со нив за време на оброците во ресторанот. Меѓу испитаниците биле и родителите, при што 23 проценти од нив потврдиле дека го проверуваат телефонот за време на ручек. Околу 10 проценти од децата признале дека го криеле телефонот од своите родители за да го привлечат нивното внимание.

Вработените во ресторанот на родителите ќе им донесат посебна кутија во која ќе можат да го остават својот телефон за време на јадењето, а раководството на  Френки енд Бени`с најави дека иницијативата ќе трае подолг период.

Треба да знаете
Последни објави