Search

Британски политичари се спротивставија на продажбата на Њукасл на шеиците

Продажбата на англискиот фудбалски премиерлигашот Њукасл на престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман, може да не се случи, пренесува „Телеграф”.

Шеснаесет члена на британскиот парламент се обратија до премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон. Тие се спротивставија на оваа зделка со конзорциум со учество на Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија.

Политичарите го осудија Салман, потсетувајќи дека тој е обвинет за убиство на новинарот Џамал Хашкај во 2018 година. Тие, исто така, повикаа на запирање на употребата на Велика Британија како алатка за „перење репутација преку спортот”, велејќи дека договорот „испраќа погрешна порака”.

Треба да знаете
Последни објави