Search

Британски обложувачници: 100 отсто сигурна победата на Тереза Меј

Британската обложувачница „Вилијем Хил“ соопштила дека го прекинала примањето облози за тоа дали премиерката Тереза Меј ќе добие доверба на гласањето во Конзервативната партија.

Нивниот портпарол Руперт Адамс рекол дека квотите цел ден укажувале на победа на Меј и дека таа е сè поизвесна како се приближува вечерашното гласање, пренесе АП.

Во меѓувреме, како што пренесе Ројтерс, британската премиерка успеала да обезбеди поддршка од речиси 200 пратеници во Конзервативната партија врз основа на нивните изјави во медиумите и на социјалните мрежи. Агенцијата наведува, дека тоа би можело да биде доволно за победа на денешното гласање.

Треба да знаете
Последни објави