Search

Британски бизнисмен е прв „суперносител” на коронавирусот

Бизнисмен од Англија, 53-годишниот Стив Волш, кој е заразен со коронавирусот би можел да ја прошири болеста од Кина во Европа поради своите патувања, соопшти денеска британската Национална здравствена служба.

Тој се смета за прв „суперносител” на болеста, односно лице кое заразило значително поголем број луѓе од очекуваното.

Волш дошол во контакт со коронавирусот по службеното патување во Сингапур во јануари, по што заминал на Француските Алпи, каде можел да зарази други луѓе со вирусот, пред да му биде утврдена болеста и е хоспитализиран.

Меѓу лицата, кои веројатно ги заразил, се петмина државјани на Велика Британија, кои биле заедно со него во Франција, меѓу кои е и едно девет годишно момче.

Уште едно лице кое е заразено на Алпите е маж, кој по зимскиот одмор се вратил на Мајорка.

Поради Волш, француските власти тестирале уште 61 лице меѓу кои се деца и членови на семејства кои се наоѓале во одмаралиштето во истиот период кога и британскиот бизнисмен.

Скај њуз наведува дека Волш со коронавирус заразил 11 лица.

Треба да знаете
Последни објави