Search

Британските пратеници ќе гласаат за одложување на Брегзит

Претседателот на Долниот дом на Парламентот Џон Баркоу изјави дека британската Влада денеска ќе поднесе во Парламентот предлог за одлагање на Брегзит до 30 јуни ако пратениците до 20 март го одобрат договорот за напуштање на Европската унија.

Во владиниот предлог се посочува дека ако до 20 март Парламентот не го прифати договорот, „мала е веројатноста ЕУ на средбата на врвот на 21-22 март да одобри одложување на рокот без да има конкретна причина да го направи тоа”.

Во меѓувреме, светските агенции јавија дека британската премиерка Тереза Меј денеска ќе им предложи на пратениците по трет пат да гласаат за договорот за Брегзит.

Треба да знаете
Последни објави