Search

Британските пратеници го отфрлија распоредот за законот за Брегзит

Долниот дом на британскиот Парламент вечерва ја одби агендата за дебата за договорот за Брегзит, која премиерот Џонсон предвиде да трае три дена со цел земјата на 31 октомври да излезе од ЕУ.

По гласањето, Џонсон изјави дека ќе ја „паузира” легислативата за Брегзит и ќе се консултира со лидерите од Европската Унија.

Претходно со 329 гласа „за” и 299 „против”, пратениците во Долниот дом одобрија договорот за Брегзит да помине во следната фаза.

Треба да знаете
Последни објави