Search

Британските либерали ќе избираат нов лидер по неуспехот на изборите

Британските либерални демократи соопштија дека ќе изберат нов лидер следната година откако Џо Свинсон го загуби своето место во Парламентот на вчерашните избори во Велика Британија.

– Во следните недели ќе избереме нов лидер и нашата партија ќе продолжи да биде место каде што ќе се собираат сите кои веруваат во државата каде секој има шанса да го подобри својот живот, изјави претседателот на партијата Сал Бринтон.

Либералните демократи се надеваа дека ќе освојат повеќе места на изборите поради својот цврст проевропски став, но засега веројатно ќе имаат само околу 10 од вкупно 650 места во Долниот дом на Парламентот, што е помалку од претходно.

Конзервативната партија на британскиот премиер Борис Џонсон оствари убедлива победа на изборите, а најновите проценки покажуваат дека сигурно обезбедила мнозинство во Парламентот, со што е отворен патот за спроведување на Брегзит.

Според медиумите, Конзервативната партија освоила 364 мандати во Парламентот, а Лабуристичката 203 пратенички места.

Треба да знаете
Последни објави