Search

Британскиот министер за Брегзит поднесе оставка

Дејвид Дејвис, британски министер за Брегзит, кој ги предводеше преговорите за излез на Британија од ЕУ, поднесе оставка.

Во неговата писмена изјава, Дејвис го критикува планот за Брегзит на премиерката Тереза Меј, одобрен од нејзиниот кабинет, напоменувајќи дека планот ќе го остави Парламентот, во најдобар случај, најслаба позиција во преговорите.

Премиерката Меј соопштила дека не се согласува со неговата оставка, но му се заблагодарила за неговата работа. Оставка на Дејвис е удар за Меј, во моменти кога таа се обидува да го наметне нејзиниот план за Брегзит пред евроскептичните пратеници.

Велика Британија е предвидено да ја напушти ЕУ на 29 март 2019 година, по референдумот одржан во 2016 година, но прво треба двете страни да се согласат како ќе функционира трговската размена меѓу Британија и ЕУ.

Треба да знаете
Последни објави