Search

Британскиот водител Џереми Кларксон со критики до ковид- експертите: Ако умреш-ќе умреш

Познатиот британски водител Џереми Кларксон отворено го критикуваше односот на владата кон пандемијата на коронавирус.

„ Кога започна, читав за пандемии и тие обично траат четири години. Мислам дека политичарите понекогаш треба да им кажат на оние комунисти во SAGE (Научна советодавна група за итни случаи) да се вратат во својата кутија. Сите поминуваме низ живот со вкрстени прсти и насмевки на нашите лица. Гледам дека Борис Џонсон не сака повторно да не заклучи. Ако треба да поминат четири години … Кој знае, може да бидат 40 години”, рече Кларксон.

Или може да биде засекогаш.

„Ако биде засекогаш, ако умреш – ќе умреш“, нагласи тој.

Инаку, Кларксон беше заразен со коронавирус непосредно пред Божик и се плашеше дека ќе умре.

„ Четири дена пред Божиќ се разбудив во средината на ноќта и забележав дека моите чаршафи се мокри и имам постојана сува кашлица. Лекарот ми стави јасно до знаење дека ќе се чувствувам лошо помеѓу пет и 14 дена и дека после тоа или ќе бидам подобар или ќе морам да одам во болница. Бидејќи имам над 60 години и сум дебел, а исто така и затоа што пушев половина милион цигари и имав двојна пневмонија, мислев дека ќе умрам, сам, во пластичен шатор. Нема да ве лажам, страшно беше. Со секоја болест што ја имав, секогаш знаев дека или медицината или времето ќе ме спасат, но со ковид треба да легнете, сам, со знаење дека лекот не доаѓа и дека времето е вашиот најголем непријател “, рече тогаш Кларксон.

Тој го прослави својот 61-ви роденден оваа година, а во неодамнешното интервју изрази загриженост дека може да ги следи стапките на многу пријатели и членови на семејството кои починаа во тие години.

„ Сите што ги знам починаа на 61 година. Татко ми, сите мои пријатели, тоа е време кога се заминува. Ако можам да живеам до 62 години, ќе бидам тука засекогаш. Кога умре татко ми, мислев дека е како стар човек, но јас не се чувствувам така “, рече Кларксон.

Треба да знаете
Последни објави