Search

Британскиот амбасадор во САД поднесе оставка

Британскиот амбасадор во САД Ким Дерок, кој ја критикуваше администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, поднесе оставка.

Во оставката амбасадорот напиша дека станало невозможно повеќе да ја извршува функцијата.

Одлуката за неговата оставка ја потврди британското Министерство за надворешни работи.

Трамп завчера порача дека „повеќе нема да има работа” со британскиот амбасадор Дерок, кој оцени дека администрацијата на Трамп е „дисфункционална и неспособна”.

– Не го познавам амбасадорот, но за него не мислат добро во САД и не им се допаѓа. Нема да имаме повеќе работа со него, напиша Трамп на Твитер.

Треба да знаете
Последни објави