Search

Британска добротворна организација со предупредување откако стапката на заболени од рак на кожата пораснала за 45%

Случаите на рак на кожата – или меланом – пораснале за 45% во Велика Британија во текот на изминатата деценија, покажува нова студија на добротворната организација Cancer Research.

Стапката на рак на кожата се зголеми за 55% кај мажите и 35% каја жените.

Студијата е објавена за да го одбележи започнувањето на кампањата на добротворната организација која ги охрабрува луѓето да ја прифатат својата боја на кожата и со тоа да не подлегнат на искушението да се сончаат предолго со цел да потемнат.

Истражувачите велат дека зголемувањето на бројот на случаи на меланом најверојатно се должи на големиот број пакет аранжмани што започнаа да се нудат во 1970-те.

Во поново време, прифатливите цени на летовите, исто така, го направија патувањето во потопли земји подостапно, што им олеснува на туристите да патуваат во овие земји и по неколку пати во годината.

Според организацијата, добивањето изгореници еднаш на секои две години може трикратно да го зголеми ризикот од меланом.

Карис Бетс, која го води одделот за здравствени информации во организацијата истакнува дека заштитата од сонцето не е важна само при патувањето во странство, туку дека луѓето треба да се заштитуваат од сончевите зраци и кога се во својата земја.

„Сакаме да ги поттикнеме луѓето да го прифатат нивниот природен изглед и да ја заштитат кожата од оштетување од УВ зраците“.

Организацијата препорачува луѓето да се покријат правилно кога се на сонце, што почесто да бараат сенка и да користат крем за заштита од сонце со најмалку 15 фактор на заштите.

Студијата покажува дека иако случаите на меланом се почести кај луѓето на возраст над 65 години, тие се зголемиле за 70% кај лицата на возраст помеѓу 25 и 49 години.

Треба да знаете
Последни објави