Search

Британска директорка суспендирала двајца 10-годишници поради хомофобија

Директорката на основното училиште „Хиверс фарм” во Јужен Лондон суспендирала двајца 10-годишни христијански ученици, откако побарале дозвола да не учествуваат во ЛГБТ часот за време на месецот „Геј прајд“, пренесува „Брејтбарт“.

Директорката Сузан Папас, која им наложила на учениците да учествуваат на парадата „Геј прајд” минатата година, им рекла на двете деца, кои се со африканско потекло, дека се разочарување за училиштето, објави „Christian Concern“ во понеделникот.

На 20 јуни, ученикот Фарел Спенс побарал дозвола од својот учител Алекс Смит да не учествува на часот на кој Смит делел ЛГБТ материјал за боење. Наставникот не му дал дозвола тврдејќи дека ЛГБТ часпот е дел од наставната програма.

По завршувањето на наставата, Смит, наводно, го обвинил Фарел за употреба на хомофобичен јазик, што детето категорично го негира.

Фарел, кој е католик, седел со својата соученичка Кејси Френсис, Пентекостална христијанка, и му рекол на друг наставник дека не го прифаќа ЛГБТ движењето поради својата религија. Наставникот, наводно, ги прашал двете деца дали сакаат ЛГБТ луѓето да умрат?”

„Му рековме „не”, вели Фарел, „но додадов дека ако се вратиме во своите земји, ќе бидеме казнети ако сме геј“.

Наставникот го прашал Фарел од кадее, а момчето одговорило дека Африканец со потекло од Јамајка каде што сите се христијани и католици, па не ги прифаќаат ЛГБТ луѓето.

Подоцна, директорката Папас, наводно, ги повикала двете деца и им се развикала: „Како се осмелувате? Вие сте разочарување за училиштето.

Папас, чија ќерка е лезбејка и менаџер во училиште, ги ставила децата во одделни простории, а подоцна го казнила девојчето со три часа дополнителни часови. Таа на крај ги суспендирала и Кејси и Фарел од училиште пет дена.

Основното училиште „Хиверс фармер“ едуцира 750 ученици во една мултикултурна и мултирелигиска населба во Јужен Лондон, а неговиот заменик-директор Роберт Аски исто така е отворено геј. Мајките на двете деца се пожалија кај директорот, повикувајќи се на училишните прописи според кои е незаконски да се суспендира ученик поради недисциплинска причина.

Родителите тврдат дека нивните деца не прават хомофобични коментари и ја обвинија директорката дека не ја елиминира дискриминацијата врз основа на религија или верување. Тие, исто така, ја цитираа Европската конвенција за човекови права, велејќи дека таа бара училиштата да го почитуваат начинот на кој родителите ги воспитуваат своите деца во согласност со нивната христијанска вера

Треба да знаете
Последни објави