Search

Британската полиција упадна на караоке забава организирана и покрај мерките за изолација

Британската полиција прекина караоке забава во Дербишир која се одржувала и покрај мерките на владата за сузбивање на коронавирусот. На забавата имало 25 деца и возрасни.

Полицијата на Дербишир соопшти дека полицајците биле шокирани кога на една адреса затекнале група од 25 деца и возрасни на караоке забава, пренесе „Скај њуз“.

Полицијата на „Твитер“ објави фотографии од шведската маса и музичката опрема и наведе дека присутните биле растерани.

„Јасно е дека луѓето и понатаму не ги почитуваат владините совети и правила“, објави полицијата.

Забавата е организирана на првиот викенд по воведувањето на ограничувањата ширум земјата како одговор на епидемијата на ковид-19.

На Британците им е наредено да останат дома најмалку три недели, освен за многу ограничени потреби.

Полициските власти во некои градови ги охрабруваат граѓаните да ги пријавуваат соседите кои ги прекршуваат правилата. Како што објави „Скај њуз“ полицијата низ градовите примила голем број пријави за домашни забави.

Треба да знаете
Последни објави