Search

Британската полиција истражува трговија со луѓе и ропство меѓу романските берачи на овошје

Полицијата во Кент уапси пет лица во врска со наводна трговија и експлоатација на романски берачи на овошје, пренесува „Кент онлајн“.

Детективи од Дирекцијата за сериозни злосторства во Кент и Есекс потврдија дека минатиот петок на имот во Чатам, во областа Медвеј, била спроведена рација, при што уапсени биле четворица мажи на возраст од 19 до 39 години и една жена на возраст од 41 година. Подоцна тие биле ослободени од притвор во очекување на дополнителни полициски истраги.

Неколку лица за кои се смета дека се жртви на ропство се однесени на безбедно.

Детективот Стејси Чепмен од тимот за современо ропство и трговија со луѓе изјави за регионалниот весник:

„Жртвите на современото ропство и трговијата со луѓе честопати се принудени да работат многу часови за многу малку пари, донесени во оваа земја со ветување за подобар живот, но принудени да издржуваат ужасни услови за живеење и закани со насилство или депортација ако се осмелат да ги предизвикаат одговорните“.

Во 2017 година Националната агенција за криминал (НЦА) предупреди дека модерното ропство во Велика Британија е во пораст и е многу поприсутно отколку што се сметаше претходно.

НЦА за порастот го обвини режимот на ЕУ за слобода на движење  според кој граѓаните на државите членки може да живеат и работат во која било друга земја членка, без минимални плати или визи. Директорот на НЦА, Вил Кер, во тоа време рече: „Онаму каде што можете слободно да се движите, ќе има банди што ќе бараат да се вклучат во тој процес“.

Се верува дека во целата земја има десетици илјади робови, принудени на проституција и на принудна работа. Иако се вели дека оваа појава ја има во сите области на Велика Британија, шефот на единицата против ропство во Скотланд Јард во 2017 година рече дека Лондон е глобалното жариште.

Минатата година се забележани неколку апсења и пресуди за трговија со луѓе и робство. Во јуни 2019 година тројца членови на романската банда за организиран криминал во Илфорд, Лондон, беа затворени за современо ропство.

Во јули Кралското обвинителство (ЦСП) изрече пресуди за, како што рече, најголемиот случај на модерно ропство за кое се верува дека е најголемо од ваков вид и во Европа, со најмалку 300 потенцијални жртви.

Осум трговци со луѓе со полско потекло добиле казни за намамување бездомници и наркомани од нивната матична земја во Бирмингем за да работат, вклучувајќи и берење кромид, за помалку од 10 фунти неделно. Криминалците исто така ја користеле социјалната помош од своите жртви, кои ги принудувале да спијат во супстандардно сместување.

Во октомври Елеонора Василева, Илија Михајлов и Маријан Василев беа осудени на затворски казни меѓу три и 11 години за трговија со жени од Бугарија, кои работеле како проститутки во нивните бордели во источен Лондон.

Треба да знаете
Последни објави