Search

Британската кралица го одобри законот со кој се спречува Брегзит без договор

Британската кралица Елизабета Втора денеска даде конечно одобрение на законот со кој се спречува премиерот Борис Џонсон да ја изнесе земјата од ЕУ без договор на 31 октомври.

Потегот на кралицата, познат како „кралска согласност”, е ефективна мерка на кралството во врска со законот кој е усвоен во Парламентот минатата недела и покрај спротивставувањето на Владата.

Како што се наведува, тој е објавен во Горниот дом на Парламентот – Домот на лордовите.

Треба да знаете
Последни објави