Search

Британската Влада нема да субвенционира нови работници кои се на принуден одмор поради пандемијата

Британската Влада нема да го зголеми бројот на работници што ги плаќа државата, кои се на принуден одмор поради пандемијата со Ковид-19, објави „Фајненшл тајмс”.

Државата сега субвенционира осум милиони работници кои се на принуден одмор поради пандемијата, а британскиот министер за финансии Риши Сунак наредните денови ќе објави колку работодавачите ќе мора да придонесат за владината програма до август.

Ќе се воведуваат и нови правила за работа со скратено работно време, што сега не е дозволено.

За да се избегне работодавачите да пријавуваат дополнително работници за програмата за помош и да ги вратат на половина работно време, а сето тоа да го субвенционира државата, Министерството за финансии најверојатно ќе го укине понатамошното пријавување за таа програма, наведува „Фајненшл тајмс”.

Сега британската Влада плаќа 80 отсто од платите, што е до 2.500 фунти месечно на речиси секој вработен во приватниот сектор, кој е на привремен одмор поради пандемијата со Ковид-19.

Треба да знаете
Последни објави