Search

Британската Влада ги разгледува опциите за Брегзит

Владата на Велика Британија ги разгледува можните одговори на одлуката на претседавачот на Парламентот дека премиерката Тереза Меј не може повторно пред пратениците да го образлага договорот за излегување од Европска Унија.

Пратениците досега двапати го одбија тоа.

Министерот за Брегзит, Стивен Баркли денеска изјави дека Владата „сериозно ќе ја разгледа” одлуката на претседавачот Џон Беркау дека договорот не може да биде ставен на гласање ако нема суштински измени.

Баркли истакна дека Владата треба „детално да ја проучи одлуката”.

– Фактот дека еден број пратеници изјавија дека поинаку ќе гласаат укажува на тоа дека работите се различни, посочи Баркли.

Меј веќе имаше разговори со противниците во рамките на подготовките за ново гласање

Треба да знаете
Последни објави