Search

Британија 28 држава во која е регистрирана заразата со коронавирусот

Првиот случај на смртоносниот коронавирус е потврден во Лондон, пренесува „Дејли меил“. Станува збор за државјанин на Кина чии резултати од тестирањето пристигнаа денес.

Како што пренесуваат британските медиуми, ова би можело да предизвика паника во главниот град на Англија, а официјалните лица се обидуваат да утврдат со кого се заразениот маж бил во контакт.

За потсетување, министерот за здравство на Велика Британија, Мет Хенок, претходно оваа недела рече дека епидемијата на коронавирусот е сериозна и неизбежна.

За потсетување, коронавирусот започна да се шири од Кина. За епицентар за заразата се смета градто Вухан, кој веќе неколку недели потполно е во карантин.

Според најновите информации, вирусот усмрти повеќе од 1.100 луѓе, а заразени се преку 45.000 лица.

Освен во Кина, случаи се забележани и во уште 27 земји во светот: Белгија (1), Шпанија (2), Шведска (1), Русија (2), Велика Британија (8), Индија (3), Филипини (3), Италија (3), Финска (1), Обединети Арапски Емирати (8), Германија (16), Шри Ланка (1), Камбоџа (1), Канада (7), Австралија (15), Малезија (18), Франција (11), Непал (1), Виетнам (15), Сингапур (47), Макао (10), Хонгконг (49), Тајван (18), САД (13), Јужна Кореја (28), Јапонија (203), Тајланд (33).

Треба да знаете
Последни објави