Search

Британија ќе издава работни визи на работниците кои ќе остварат доволно бодови

Велика Беитанија ќе даде предност на висококвалификувани работници ширум светот во пост брегзит имиграцискиот систем, соопшти владата, со намера да го запре потпирањето на „евтината работна сила од Европа“.

Загриженоста поради високото ниво на имиграција од Европската Унија беше еден од клучните фактори во позадина на британскиот референдум во 2016 година за напуштање на блокот, па владата соопштила дека планира да го намали бројот на мигранти.

Со новиот систем ќе се доделуваат бодови за посебни вештини, квалификации и професии, а визи ќе се издаваат само на оние кои ќе имаат доволно бодови. За да се добијат, мора да се знае англиски јазик и веќе да имаат договорено работно место со минимална годишна плата од 25.600 фунти.

Правилата стапуваат на сила на 1 јануари 2021 година, по транзицискиот период, кој настапи по излегувањето на Британија од ЕУ.

Треба да знаете
Последни објави