Search

Британија смета дека опремата на „Хуавеј“ има безбедносни слабости

Велика Британија јавно ја критикуваше кинеската „Хуавеј технолоџис“ за неуспехот да ги поправат долготрајните безбедносни пропусти во својата мобилна мрежна опрема и откри нови технички проблеми во меѓувреме, пренесува РТ.

„Хуавеј“ се бори против обвинувањата од Западот дека Пекинг би можел да ја користи нивната технологија за шпионажа.

Одборот предводен од британската влада, кој ја надгледува проверката на опремата на „Хуавеј“ во Велика Британија, во извештајот објавен денеска вели дека континуираните проблеми со развојот на софтверот на компанијата довеле до значително зголемен ризик за операторите во Велика Британија.

Одборот, исто така, рече дека „Хуавеј” не постигнал никаков напредок во врска со безбедносните пропусти, и дека немаат доверба во капацитетот на „Хуавеј“ да ги спроведе предложените мерки за решавање на прикриените дефекти.

Во соопштението од „Хуавеј“ се вели дека дека проблемите идентификувани во извештајот обезбедуваат витален инпут за тековната трансформација на нивните софтверски инженерски капацитети.

Треба да знаете
Последни објави