Search

Британија: Раздор меѓу лабуристите поради Брегзит и антисемитизмот

Неколку членови на британскиот Парламент денеска ја напуштија  најголемата опозициска Лабуристичка партија, поради несогласувањата околу Брегзит и антисемитизмот.

Голем број лабуристи се незадоволни од слабиот отпор, кој нивната партија го даде на плановите на конзервативците за напуштање на Европската унија, како и неуспехот од партијата да се отстранат антисемитските елементи.

Таа фракција, која  ја сочинуваат седум, од вкупно 256 пратеници на Лабуристичката партија, соопшти дека ќе остане во Парламентот како новоформирана независна група.

Тоа е најголем раздор во партијата од 1981 година, кога четворица пратеници лабуристи ја формираа Социјалдемократска партија.

 

Треба да знаете
Последни објави