Search

Британија разгледува можни санкции против Русија за инцидентот во теснецот Керч

Британија и нејзините европски партнери разгледуваат антируски мерки како одговор на минатогодишниот инцидент во теснецот Керч, пренесува ТАСС.

„Велика Британија е на чело на санкциите на ЕУ како одговор на активностите на Русија во Украина. Целосно ги поддржавме новите санкции минатата година како реакција на руските избори во Крим и во Севастопол, изградбата на мостот во теснецот Керч и нелегитимните избори во Источна Украина. Како одговор на најновата руска агресија во Црното Море, соработуваме со европските партнери за да разгледаме какви конкретни мерки може да преземеме.

Русија постојано ги отфрла тврдењата за агресија во врска со пограничниот инцидент на 25 ноември во теснецот Керч, кој ги поврзува Црното Море и Азовското Море. Како резултат на инцидентот, 24 украински морнари беа уапсени под обвинение дека нелегално ја преминале руската граница.

„Скај њуз“ соопшти во вторникот, цитирајќи сопствени извори, дека Европската Унија и САД работат на нови санкции против Русија како одговор на притворањето на украинските морнари во Русија. Според каналот, Лондон и неговите европски сојузници го повикуваат Брисел да ги објави новите ограничувачки мерки против Москва во следните неколку недели.

Според каналот, на почетокот некои од земјите-членки на ЕУ се надевале дека прашањето може да се реши преку дипломатски канали. Сепак, досега нема никакви индикациискоро ослободување на морнарите.

Треба да знаете
Последни објави