Search

Британија почна истрага поради протекување дипломатски документи

Британската полиција покрена кривична истрага поради „протекување” доверливи дипломатски документи, што беше причина за оставка на британскиот амбасадор во САД.

Истрагата ја води антитерористичката полиција, во чии надлежности се истрагите за кршење на британскиот Закон за државни тајни.

„Мејл он сандеј” ги објави телеграмите во кои британскиот амбасадор Ким Дерок ја опишал администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп како „дисфункционална, невнимателна и неспособна”.

Трамп веднаш возврати, нарекувајќи го амбасадорот „помпезна будала”, по што Дерок поднесе оставка, истакнувајќи дека е невозможно да продолжи да ја извршува својата работа.

Шефот на антитерористичката полиција Нил Базу нагласи дека протекувањето на податоците ги нарушило меѓународните односи на Велика Британија и во јавен интерес е да се „процесуира извршителот или извршителите”.

Тој ги повика виновниците „колку е можно побрзо да се предадат, да ги објаснат своите постапки и да ги прифатат последиците”.

Треба да знаете
Последни објави