Search

Британија одлучна да стави крај на „брзата мода“

Британија вели дека е време да се стави крај на ерата на „брза мода“, како и на лошите услови за работа во текстилната индустрија.

Британските пратеници изготвија предлог со кој модната индустрија е приморана да направи промени во начинот на работење.

Пратениците дадоа 18 предлози и препораки кои се однесуваат на животната средина како и на трудовите политики во индустријата и ја повикаа владата да преземе мерки.

Како последица на „брзата мода“ животната средина е постојано загадена поради емисија на штетни материи, но исто така и голем дел од облеката која не успева да се продаде или пак се фрла поради други причини завршува во депонии бидејќи истата е многу тешка за рециклирање.

При перењето, влакната кои се наоѓаат во текстилот често завршуваат во океаните и ги загадуваат водите.

Владата вели дека веќе работи на случајот и дека голем број од мерките се веќе во сила.

Дел од предлозите на Комитетот за животна средина (ЕАЦ) се да се наплатува одредена сума на пари за секое парче облека кое е изработено со што производителите ќе придонесат за подобро рециклирање на облеката; забрана за фрлање на облеката која не била продадена а која се уште е во нослива состојба и може да се рециклира; задолжителни еколошки мерки за брендови чиј годишен обрт изнесува повеќе од 36 милиони фунти; промени во даночните стапки како награда за производителите кои применуваат повторна употреба, поправка или рециклирање на облеката, односно поддршка за одговорните модни компании.

„Производителите на текстил и модната индустрија мора да ги исчистат куповите алишта и отпад кои ги создаваат“, вели пратеничката и претседателка на ЕАЦ, Мери Криг.

Треба да знаете
Последни објави