Search

Британија забранува обложување со кредитни картички за да го спречи задолжувањето на граѓаните

Дваесет и четири милиони возрасни Британци веќе нема да можат да користат кредитни картички за обложување според новите правила воведени со цел да ги спречат луѓето премногу да се задолжуваат, пренесоа медиумите.

Комисијата за обложување соопшти дека забраната која стапува на сила на 14 април, ќе важи за сите онлајн и офлајн обложувања, освен грепките на среќа и ливчињата за лото кои се продаваат во трафиките.

Според комисијата, 22 проценти од луѓето кои онлајн се обложуваат со кредитни картички, припаѓаат на категоријата проблематични коцкари.

Потегот следува по владината анализа на индустријата за игри на среќа започната во ноември со цел темелно реформирање на онлајн казината, вклучително и забрана за употреба на кредитни картички за онлајн облози од страна на ранливи категории.

„Обложувањето со кредитни картички може да доведе до значителна парична штета. Забраната што ја објавивме денес треба да го минимизира ризикот по клиентите во однос на пари што ги немаат“, рече Нил МекАртур, извршен директор на Комисијата за обложување.

Во Британија регистрирани се околу 24 милиони возрасни коцкари, од кои 10,5 милиони се обложуваат на интернет, соопшти комисијата.

Според официјалните бројки, околу 800.000 Британци користат кредитни картички кога се обложуваат.

Треба да знаете
Последни објави