Search

Британија го зголемува бројот на дневни тестирања на 100.000

Британскиот министер за здравство вети за десетпати дека ќе го зголеми бројот на дневните тестирања на коронавирус, со што до крајот на април тој ќе достигне 100.000 на ден, по критиките дека не спроведува доволно тестирања.

Мет Хенкок, кој се појави во јавност за првпат по излекувањето од Ковид-19, ја претстави новата британска стратегија за тестирање.

„Сега поставувам цел од 100.000 тестови на ден до крајот на месецов. Тоа е целта и сигурен сум дека ќе го постигнеме тоа“, изјавил Хенкок. Во моментов Велика Британија дневно тестира околу 10.000 луѓе.

Британскиот премиер, Борис Џонсон, кој исто така има коронавирус, на почетокот одлучи да не наметнува остри мерки на населението, па стратегијата беше како во Шведска, стекнување колективен имунитет.

Велика Британија го промени пристапот и воведе мерки, карактеристични за другите европски земји, по проценките дека без рестриктивни мерки од коронавирус би можеле да умрат 250 илјади луѓе.

Треба да знаете
Последни објави