Search

Брисел е загрижен за мигрантите во БиХ

Европската комисија е загрижена поради тоа што Босна и Херцеговина не предложила локација и капацитети за престој на мигрантите и бегалците, и покрај тоа што ЕК била подготвена да обезбеди финансиска поддршка, соопштија од институцијата по состанокот со властите во БиХ.

Како што се наведува, од БиХ било побарано без понатамошно доцнење да обезбеди соодветни локации за таа намена, пренесе „Танјуг“.

Европската комисија потсети дека од 2018 година ѝ пружила помош на Босна за прифатни центри во износ од 24 милиони евра и ги повикала надлежните да направат сè за да го подобрат функционирањето на расположливите прифатни центри, а мигрантите и бегалците итно да бидат префрлени од несоодветниот прифатен центар „Вучјак“.

Според европските податоци, од јануари минатата година во БиХ влегле речиси 36.000 бегалци и мигранти, а моментално во земјата престојуваат околу 7.400, од кои 4.100 се сместени во центри финансирани од Европската Унија.

Од 2007 година до денес ЕУ за миграциите и менаџментот на границата низ инструментална пристапна помош, на БиХ ѝ пружила помош во вредност од 48,6 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави