Search

Бриж и Спарта чекорат кон групната фаза од Лигата на шампионите

Откако Клуж, АПОЕЛ, ЛАСК не ја искористија предноста на домашниот терен во првите мечеви од плејофот за пласман во фудбалската Лига на шампионите, вечерва (21 ч.) првата меч топка ќе ја имаат: Динамо Загреб – Розенборг, Јанг Бојс – Црвена ѕвезда и Олимпијакос – Краснодар. Белгискиот Бриж и чешката Славија Прага се на чекор од групната фаза во фудбалската Лига на шампионите, откако како гости забележаа минимални победи (1:0) кај австрискиот ЛАСК односно романскиот Клуж. На мечевите пред своите гледачи идната недела (28 август), Бриж и Славија ќе треба само да го верификуваат пласманот. И Ајакс ќе има предност на домашен терен во реваншот од плејофот, откако одолеа на гостувањето кај кипарскиот АПОЕЛ (0:0).

Резултати – први натпревари:
Клуж – Спарта Прага 0:1
АПОЕЛ – Ајакс 0:0
ЛАСК – Клуб Бриж 0:1.

 

 

Треба да знаете
Последни објави