Search

Брижит Бардо ги собра танцувачките мечки во Бугарија

Мечка што танцува на музика. Не е научна фантастика туку реалност која до пред дваесетина години можеше да се види и по нашите рурални среини. Танцувачките мечки кои најчесто беа дел од ромската заедница, се дресираа и правеа шоу програми најчесто за празници. Врзани за синџир најчесто исправени на две нозе сопствениците ги тераа да играат на даире. Во Македонија традицијата е одамна искоренета. Но во соседните држави посебно во Бугарија оваа традиција беше актуелна до пред неколку години. Или поточно додека не се појави Брижит Бардо и не ги собра на едно место танцувачките мечки во градот Белица.

Маријана, Стефан, Калинка, Станка, Гошо и Боби. Не се имиња на деца туку последните танцувачки мечки во Бугарија. Грев е да отидете на планината Рила во соседна Бугарија, а да не ги посетите. Ви треба само желба и теренско возило за да стигнете до резерватот во „Паркот на танцувачките мечки“. Распостелен на планината Јужна Рила во месноста Андрианов чарк на 12 километри од градот Белица и 180 километри од Софија, Паркот е посебна приказна чие раскажување не смеете да го пропуштите. До градот води асфалтен локален пат. Откако ќе излезете од градот, подгответе се за офроуд. За да стигнете до паркот има само еден пат- тесен макадам со дупки. Горе долу, лево десно нема начин да се разминат две возила. И таман сте се покајале што сте тргнале, пред вас се појавува гледка како од бајка. Скулптури од мечки во природна големина, одмаралишта, паркови и секако паркинг.

Паркот е всушност резерват на последните танцувачки мечки од Бугарија. Светската дива и еден од најголемите љубители и заштитници на животни Брижит Бардо овде ги собра сите „угнетувани“ мечки како што вели да каже од Бугарија. Но има и од Србија и Албанија. Ова е всушност природна средина на кафеавите мечки. Паркот постои од 17 ноември  2000 година и е многу сличен на природната средина во каја живеат кафеавите мечки. Распостелен е на 120. 000 километри квадратни и е поделен во седум сектори во кои живеат 26 мечки. Паркот на своите жители им нуди густа шума, храна и вода во секое време, многу места за одмор, но и можнст да се расмножуваат во природна средина.

Идејата за отварање на ваков парк е да се реадаптираат дресираните мечки и да се вратат во природна средина. Целта е да им се даде спокоен живот и нормални услови кои до сега ги немале, бидејќи биле малтретирани од нивните сопственици. Овде мечките можат да почувствуваат вистинска слобода, да ги демонстрираат своите инстикти, да се ослободат од ропството- ја започнуваат својата приказна вработените во Паркот.

http://gallery.belitsa.com

Првите мечки се ослободени во 2000 година. Донесени во паркот подложени на лекарски прегледи, некои се лекувани долго време, рехабилитирани и вратени во природна средина. Двете вработени во паркот за мечките зборуваат како за дел од нивно семејство. Направија група од десетина посетители и не поведоа низ паркот. Паркот има неколку сектори. Од посетителите мечките се одделени со двојна ограда висока 3,20 метри. После таа ограда има уште една со проток на струја чисто како безбедоносна мерка.

И така од сектор во сектор видовме десетина мечки незнаејќи дека поминаа цели 40 минути.

Мечките се поделени по скетори бидејќи имаат различен нарав. Едни се по агресивни, други многу плашливи, трети се слепи. Затоа мора и одделно да живеат. Ги храниме три пати дневно. Во менито има 4 до 5 видови на плодови, мед но и леб. Наместо да им ја даваме сервирана храната, ја криеме за да ја бараат и така да им се развие природниот инстикт. Бидејќи дивите мечки роварат низ природатаи бараат храна- велат вработените. Објаснуваат дека кај голе дел од мечките по неколку години се јавил и инстиктот за хибернација.

На крајот на прошетката завршувате во информациониот дел. Станува збор за најсовремена мултимедијална сала во која се нудат сите податоци за Паркот, снимки од сите жители на паркот, податоци за секоја мечка.

Слободно можам да кажам дека жителите ни се мултинационални. Од пред неколку години во паркот пристигнаа и три мечки од Србија, а пред две години и една од Албанија. Но сите живест сложно- вели една од вработените.

Откако ќе завршите со посетата, грев е да не го посетите рибникот во Белица. Но нема да згрешите и ако завршите во еден од националните рестораниво градот. Цеденото кисело млеко со ореви и мед или со домашен џем е само едно од јадењата со кои се сладеле бугарските партизани, но можете да го пробате и вие. Ако пак сте љубител на пешачењето тука е Станковиот водопат. Ако не одмарајте во спа центарот „Семково“ и уживајте во термалните базени.

Валентина Ангеловска

Треба да знаете
Последни објави