Search

Брз ролат со праски

Брзо се прави, а е со неверојатен вкус …

 

Потребно е:

5 поголеми јајца
100 гр шеќер
2 кесички бурбон ванилин шеќер
изрендана кора од 1 лимон
130 гр брашно
1 кесичка прашок за пециво
30 мл масло
1 кг праски
1-2 лажици растопен путер

Подготовка:

– Одвоите ги белките од жолчките и оставете ги да стојат на собна температура.

 

– Изматете ги белките во цврст шлаг со постепено додавање на шеќерот.

– Додадете ги жолчките една по една. После секоја жолчка изматете и потоа додадете ја другата жолчка. После жолчките додадете го маслото, изренданата кора од лимон и убаво изматете.

– На крај додадете го брашното во кое сте го ставиле прашокот за пециво и изматете со жица за матење. Ќе добиете малку погуста смеса.

– Тавата со големина 42х30 см, покријте ја со хартија за готвење и хартијата премачкајте ја со путер.

 

– Зрелите праски измијте ги убаво и исечете ги на листови до 1 см дебелина. Наредете ги исечените праски на подмачканата хартија за печење.

– Измешајте го шеќерот со двете кесички бурбон ванила. Посипете ги праските со 1-2 лажици од горната мешавина.

– Сипете ја изматената смеса над праските, израмнете и ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 30 минути.

– Испечената кора превртете ја на друга хартија за печење, малку поголема од тавата. Внимателно тргнете ја хартијата на која се печеше кората. Сега праските се свртени нагоре.

– Со помош на долната хартија завиткајте ја кората како ролат.

– Ролатот оставете го да се излади и исечете го парчиња. Пред служење посипете го со шеќер во прав.

Треба да знаете
Последни објави