Search

Бреша го избрка Балотели

Италијанските медиуми пишуваат дека Бреша еднострано го раскинала договорот со Марио Балотели со непосреден ефект.

Според голем број на сигурни извори, сопственикот на клубот Масимо Селино посакал да го раскине тригодишниот договор на напаѓачот роден во овој град.

Поранешниот играч на Ливерпул и Манчестер Сити дојде во Бреша минатото лето, но проблемите со неговото однесување надвор од терените уште еднаш ќе доведат до предвремено разделување од клубот.

Треба да знаете
Последни објави