Search

Бретон: Твитер мора да направи повеќе за да се усогласи со онлајн правилата на ЕУ

Европскиот комесар за единствен пазар Тиери Бретон изјави дека сопственикот на Твитер, Илон Маск, мора да стори повеќе за да се усогласи со онлајн правилата на Европската унија.

– Треба да видиме поголем напредок кон целосно усогласување на со ДСА. Мојот тим внимателно ќе ја следи работата на Твитер и сите други онлајн платформи, рече Бретон.

Двајцата разговараа пред два месеци преку видео-врска, кога Бретон го предупреди Маск дека на Твитер му претстои „голема работа“ со цел спроведување на политиките за транспарентност, значително зајакнување на умереноста на содржината и заштита на слободата на говорот.

Ваквите обврски беа наметнати според Законот за дигитални услуги на ЕУ (ДСА), кој стапи во сила минатиот ноември, а кој ги таргетира онлајн платформите доколку ги прекршат правилата со казни до шест отсто од нивниот глобален приход.

Треба да знаете
Последни објави