Search

Брестовац појаснува дека никој не е отпишан

Машката ракометна репрезентација на Македонија  од понеделник ќе почне со подготвките за квалификацискиот двомеч од ЕП-2022 со Финска како домаќин на 4 ноември и три дена подоцна со Швајцарија на гости. Селекторот  на македонскиот државен тим Данило Брестовац поширокиот список од 35 ракометари, денеска го скрати на 19 играчи, а меѓунив ги нема искусните и стандардни репрезентативци Борко Ристовски и Гоце Георгиевски.

За ваквото изненадување Брестовац вели дека никој не е отпишан. Можни се промени во списокот бидејќи со пандемијата од коронавирусот се може да се смени за час. не е исклучена можноста да бидат упатени дополнителни покани.

Ристовски е повреден и мора да оди на терапија во следните десетина дена, но ако има потреба ќе помогне. На голманската позиција остануваат триото Митревски, Кизиќ и Томовски.

 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави