Search

Брестовац објави поширок список со кандидати за ЕП

Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација, Данило Брестовац, објави поширок список со 28 играчи од кои ќе се бира тимот кој ќе настапи на претстојното Европското првенство кое ќе се одржи во јануари идната година во Австрија, Норвешка и Шведска. Поголеми изненадувања во поширокиот список нема. Главно се проверени репрезентативни кандидати. Во конкуренција  за тимот се враќа искусниот Велко Маркоски, а Костадин Петров и Дарко Георгиевски ќе имаат нова шанса да го мината првиот филтер и да се најдат во потесниот меѓу патниците на ЕП.
Стартот на подготовките е закажан за 21 декември во Скопје, потоа до крајот на годината ќе следуваат пет контролни натпревари против Кувајт, Холандија и Романија или Алжир, а на почетокот на јануари нашите ракометари ќе тестираат со Словенија и Црна Гора.
Македонија на ЕП ќе игра во групата во Виена каде најпрво противник ќе и биде Украина на 10 јануари, два дена потоа Чешка и на крајот домаќинот Австрија.

Треба да знаете
Последни објави