Search

Брестовац: Без мене или не, долг е патот да направиме во иднина добра репрезентација

Македонскиот селектор Данило Брестовац го призна поразот од Австрија во последниот натпревар од групната фаза на Европското првенство 2020, по кој Македонија ги заврши настапите на собирот на најдобрите на Стариот континент.

Како причина за поразот Брестовац не гледа вина во одбраната, туку во нападот.

-Беа подобри и ја заслужија победата. Ние грешевме многу, не реализиравме многу зицери и сето тоа не чинеше. Повторно имавме слаба реализација, повторно при ситуација 6 на 5 не реализиравме. Тие беа пострпливи од нас и заслужено победија, истакна Брестовац.

Селекторот потенцираше дека по ова европско првенство, дали со него или без него, не очекува долг пат повторно да се направи силна репрезентација….

-Не знам што да кажам. Дали со мене или без мене, долг е патот во иднина да направиме добра репрезентација. Факт е дека по ова европско првенство треба да има подмладување на репрезентацијата. Мислам дека во иднина Македонија може повторно да има квалитетна селекција но треба добро стратегија како во иднина.Мислам дека во наредниот период треба да ризикуваме едно големо натпреварување ако сакаме да имаме повторно една силна репрезентација. На нас ни останува да работиме на самодовербата на младите играчи и да ги мотивираме за понатаму да се јавуваат при повикот за настап со националниот дрес. Мислам дека во догледно време би требало да имаме една силна репрезентација и мисламдека овие момци ќе се вратат еден ден на едно големо натпреварување многу посилни и сигурно ќе значат нешто во европскиот и светскиот ракомет, додаде Брестовац.

Треба да знаете
Последни објави