Search

Брентон Тарант работел како фитнес инструктор и бил под влијание на фашистичката идеологија

Поранешен инструктор по фитнес во руралниот дел на Австралија, кој во петокот во терористички напад на две џамии на Нов Зеланд уби 49 лица и рани неколку десетици верници, Брентон Тарант, изјави дека е обичен белец, од работничка класа, кој бил импресиониран со неофашистичката идеолофија за време на разни патувања низ Европа, пишува „АФП“.

Австралицеот кој има 28 години, денеска е обвинет за еден од најголемите злосторства во Крајстчерч, третиот град по големина на Нов Зеланд, каде нападна муслимански верници за време на молитва.

Тарант во судот изгледаше рамнодушно, а кога влезе во судницата со раката го направи знакот на белите супрематисти. Се препоставува дека претходно не бил осудуван, така што не бил на списокот на службите за безбедност во Нов Зеланд како потенцијално опасен граѓанин со полициско досие.

Тарант пораснал во градот Графтон, на северот во австралиската сојузна држава, Нов Јужен Велс, каде по средното училиште завршил школа за фитнес инструктори.

Сопственичката на теретаната во која работел изјави дека тој бил вреден работник, но се променил по патувањата низ Европа и Азија. Според неговите објави на „Фејсбук“, тој најверојатно бил и во Пакистан и Северна Кореја, пишува АФП.

Тарант самиот рече дека бил во Франција, Шпанија и Португалија. Бугарските власти соопштија дека водат истрага за мотивите на неговиот престој во земјата во ноември.

Австралиецот кратко престојувал и на Балканот во декември во 2016 година. Тогаш, како што наведе агенцијата „Франс прес“, со автобус патувал низ Србија, Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Турските власти потврдија дека Тарант неколку пати престојувал во Турција.

Тој непосредно пред нападот објавил на социјалните мрежи текст како манифест низ 74 страници во кој говори за омразата.

Австралиецот во текстот наведува дека прв пат планирал напад во април и мај 2017 година по престојот во Франција и западна Европа. Рече дека бил изненаден од инвазијата на странци во француските градови и додаде дека бил очаен кога во вториот круг на претседателските избори била поразена кандидатката на екстремната десница, Марин Ле Пен.

Напаѓачот наведува дека имал нормално детство и младост. Додава дека е расист и фашист и дека е Освалд Мозли, кој во 1932 година ја основал Унијата на фашистите во Велика Британија, една од историските личности која му била најблиска по убедувањата.

Треба да знаете
Последни објави