Search

Бренд може да стане нов директор на Минесота

Елтон Бренд е најсериозниот кандидат за нов шеф на Минесота по разрешувањето на Герсон Росас од функцијата извршен директор во клубот од Минеаполис.

Според инсајдерот Џејк Фишер, Бренд е миленик на новите сопственици на Тимберволс, Марк Лори и Алекс Родригез.

Бренд е генерален директор на Филаделфија од 2018 година. Во мај 2021 година, Лори и Родригез го завршија купувањето на НБА-лигашот Минесота од Глен Тејлор за 1,5 милијарди долари. Во јули, Одборот на гувернери на НБА ја одобри продажбата на клубот.

Според планот, клубот ќе биде целосно префрлен на Лори и Родригез во рок од 2,5 години.

Треба да знаете
Последни објави