Search

Бремената сопруга на Винсент Касел позираше гола за насловната на „Фото“

Атрактивната моделка Тина Кунаки (22), сопруга на актерот Винсент Касел (52), позираше трудна и целосно гола за насловната страница на списанието „Фото”. Притоа, само градите ги прекри со рацете. Фотографијата на насловната страница ја сподели со своите фанови кои беа одушевени.

Ова не е првпат Французинката да го покаже својот стомак, а доказ се и нејзините други фотографии што ги објавува на социјалните мрежи.

Со ова позирање, таа се приклучи  на групата познати трудници кои се фотографираа без облека за разни списанија. Деми Мур (56), Бритни Спирс (37), Клаудија Шифер (48), како и поранешната сопруга на Винсент Касел, Моника Белучи (54) се само неколку од нив.

Францускиот актер и моделката се венчаа на 24 август 2018 година. Тина откри дека кога првпат го запознала Винсент не знаела кој е тој. Кога двојката стапи во брак, нејзините фанови не можеа ни да претпостават дека ќе се омажи за 30-годишен маж.

Треба да знаете
Последни објави