Search

Бред Пит искрен за неговата зависност од алкохол и важноста на простувањето, „си наштетив себеси“

Во ексклузивното интервју за списанието „Interview Magazine“, Ентони Хопкинс го интервјуираше неговиот добар пријател Бред Пит, кој збореше за проблемите со алкохолот и проштевањето. Во разговорот со својот постар колега Ентони Хопкинс (81), Бред Пит (55) јавно проговори за неговата зависност од алкохол и животните лекции што ги научил.
Кога Хопкинс рече дека прочитал за Пит и неговата борба со алкохолот, Пит одговори дека „на пиењето гледал како на бегство“.
„Си направив лоша услуга себеси, како бегство,“ рече Пит, алудирајќи на проблемите со пиењето во минатото.
Хопкинс, кој глумеше со Пит во филмите Legends of the Fall и Meet Joe Black, рече дека пиењето е „неопходно“, а Пит додаде „до одреден степен, да“.
Пит потоа рече дека се сеќава кога Хопкинс отворено говорел за својот проблем со алкохолот кога тие работеле заедно во филмот Meet Joe Black (Запознајте го Џо Блејк), додавајќи дека Хопкинс е тип на човек што ги прифаќа своите грешки. „Има убавина во тоа,“ искоментира Пит.
„Мислам дека живееме во време во кое сите судат и ги третираат луѓето како за еднократна употреба.“

Треба да знаете
Последни објави