Search

Бред Пит еден од најголемите заводници

Пред Џенифер Анистон (49), Бред Пит (55) беше еден од најголемите заводници на Холивуд. Американскиот актер, по 17 врски, сега ја сака актерката Шарлиз Терон (43).

Иако се обидоа да ја кријат својата врска, сепак се откри дека се заедно помалку од еден месец, пишува „Сан“, а понатаму следува листата на сите жени што ги сакал Пит. Актерката Џил Шолен (55)  прва ја имаше можноста да го сака Бред три месеци, во текот на кои дури и се свршија. Но кратката врска заврши кога Џил го снимаше филмот „Фантом на операта” во Будимпешта. Џина Дејвис (62) и Бред се гледаа тајно. Тие никогаш не одеа заедно на црвениот килим, ниту, пак, јавно излегоа со својата врска. Двајцата заедно соработуваа во 1991 година на „Телма и Луиз”, кој на крајот стана филм што Бред го лансира како сексуален симбол.

Бред потоа беше во врска со британската пејачка Синита (49). А на крајот на 1989 година, Бред започна врска со Џулиет Луис (45). Заедно во 1990 година го снимија „Премногу млади за да умрат”, а три години подоцна и „Калифорнија”. Таа имаше само 16 години кога првпат се сретнаа.

Во 1994 година, Бред Пит почна да излегува со актерката Џулија Ормонд (54). Врската ја започнаа во филмот „Легенди на есента”, но таа не траеше долго. Во врска со Робин Гивенс (54), поранешната сопруга на Мајк Тајсон (52), тој беше од 1986 до 1987 година. Во тоа време се зборуваше дека Мајк налетал на Бред во својот дом, среде бракоразводната тужба од Робин. Поранешниот боксерски шампион за врската на Робин и Бред дознал за време на разводот.

Три години подоцна, Бред имаше кратка афера со модел по име Јитка Полодек. Но, за време на врската со моделот, Пит сè уште размислуваше за Џулиет, која не ја преболи.

На снимањето на „Севен“ во 1994 година, Бред се запозна со Гвинет Палтроу (46), со која помина три години, а беа и свршени, но тие наскоро прекинаа бидејќи, според нејзините зборови, Гвинет не била подготвена.Тој беше премногу добар за мене”, рече таа во 1997 година. Две години по паузата со Гвинет, тој имаше врска со Џенифер Анистон (49). По две заеднички години, се венчаа во 2000 година во Малибу. Бред потоа доби гостинска улога во „Пријатели”. Бред и Џен беа толку познати како двојка што во 2004 година нивните восочни фигури беа поставени во музејот „Мадам Тисо” во Лондон, и тоа неколку месеци пред да се разделат. Тие се сретнаа со проблеми во бракот четири години подоцна, а потоа Бред доби улога во филмот „Господин и госпоѓа Смит” и ја запозна Анџелина.Анџелина Џоли и Бред го чека првото дете во 2006 година, и на крајот тие имаат шест деца, три биолошки, три посвоени. Кога конечно се венчаа во 2014 година, сите мислеа дека нивната љубов ќе трае вечно, но, за жал, како што е познато, тоа не се случи.

Треба да знаете
Последни објави