Search

Брегу: Граѓаните од Западен Балкан не им веруваат на владите, ниту на парламентите

Степенот на доверба на граѓаните во властите и политиката на Западен Балкан е алармантно низок, бидејќи 60 отсто не им веруваат ниту на владите, ниту на парламентите, ниту на правосудството, а му веруваат значително повеќе на цивилното општество, изјави денеска во Тирана генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка (РСС), Мајлинда Брегу.

Говорејќи на отворањето на Форумот на цивилното општество на Западен Балкан, таа се повика на податоците од Евробарометар за 2018 година, според кои, најфункционално тело што може да ги повика властите на одговорност, повеќе и од медиумите или од парламентите, е токму цивилното општество.

– Со оглед дека граѓаните им веруваат на организациите на цивилното општество и очекуваат тие да вршат притисок врз властите, овие организации треба да се концентрираат на четири главни елементи – владеење на правото, јакнење на институциите, примена на културата на граѓански притисок и избегнување на можноста да станат заложници на владини средства со кои се купува всушност клучната можност за нивно делување, истакна Брегу.

Седмиот Форум на цивилното општество собра околу 150 претставници на невладини организации од регионот и од Европа, а беше поздравен и од директорката за Западна Европа, Западен Балкан и Турција при Европската служба за надворешни работи Ангелина Ејхорст, како и од организаторите, претседателот на Европскиот економски и социјален одбор, Лука Јахиер и од заменикот министер за Европа и за надворешни работи на Албанија, Сокол Дедја.

Треба да знаете
Последни објави